• сабота, 04 јануари 2025

Вучиќ: Не им замерувам на студентите во блокадите, тие беа мали кога злото беше на власт

Вучиќ: Не им замерувам на студентите во блокадите, тие беа мали кога злото беше на власт

Белград, 2 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека нема што да им замери на студентите во блокадите бидејќи „тие имале само десет години кога злото беше на власт“, кое, според него, ја уништувало Србија.

„По стоти пат велам дека нема да има преодна влада, власта се добива на избори, со поддршка на народот. Нема филозофија“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк и додаде дека е бескрајно благодарен на студентите, кои сакаат да учат, за нивната „трпеливост“.

Спомнувајќи го пред се Прогласот, тој го повтори тврдењето дека тие се финансираат од странство.

Вучиќ рече дека „организаторите на протестите веруваат дека е невозможно да се издржи ваков притисок“.

„Но, издржавме уште потешко за да ја спасиме Србија“, истакна тој.

Вучиќ особено го критикуваше судијата Миодраг Мајиќ, како и некои други јавни личности кои ги поддржаа студентите, наведувајќи дека „антисрпските сили“ сакаат промена на власта. паг/

 

Остани поврзан