• сабота, 04 јануари 2025

Пленковиќ: Денеска ќе го потпишеме Протоколот за подигање на безбедносните мерки во училиштата

Пленковиќ: Денеска ќе го потпишеме Протоколот за подигање на безбедносните мерки во училиштата

Загреб, 2 јануари 2025 (МИА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на првата седница на Владата годинава најави дека попладне во Министерството за образование ќе биде потпишан Протоколот за зголемување на безбедносните мерки во училишните институции, а една од мерките е вработување лица со потребните вештини за заштита.

По трагедијата што се случи на последниот ден од првото полугодие во загрепското основно училиште „Пречко“, Комисијата подготви предлог за основни мерки за зајакнување на степенот на безбедност во училиштата, а како што најави премиерот Пленковиќ на седницата на Владата, попладнево Протоколот за безбедносни мерки ќе го потпишат министерот за образование, наука и млади Радован Фукс и сите вклучени засегнати страни.

„Заедничка цел е да се подигнат безбедносните мерки во сите училишни институции. Она што го оценивме како најдобро долгорочно решение е во училишните институции, преку систематизација и едукација, да се вработат оние лица кои ги имаат потребните вештини за заштита, а истовремено се специјално сензибилизирани и едуцирани за работа со деца, родители и наставници и кои потоа трајно би помогнале безбедноста на училиштата да се подигне на повисоко ниво по оваа голема трагедија што се случи во основното училиште Пречко“, рече Пленковиќ.

„Брзите мерки како заклучување на вратите, менување врати, нови безбедносни системи се веќе во тек, а тимовите на локалната полиција ќе одржат состаноци со директорите на училиштата за безбедносни прашања“, додаде хрватскиот премиер. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан