Кавадарци ќе субвенционира трошоци за собирање и транспорт на комунален отпад во неколку села
- Совет на Општина Кавадарци денеска донесе одлука за субвенционирање на трошоци за собирање и транспорт на комунален отпад во неколку села. Согласно одлуката, локалната самоуправа ќе го субвенционира јавното претпријатие „Комуналец“ со два милиона денари за вршење на услугата.
Кавадарци, 6 декември 2024 (МИА) - Совет на Општина Кавадарци денеска донесе одлука за субвенционирање на трошоци за собирање и транспорт на комунален отпад во неколку села. Согласно одлуката, локалната самоуправа ќе го субвенционира јавното претпријатие „Комуналец“ со два милиона денари за вршење на услугата.
Се работи за отпад од правни и физички лица во селата Бохула, Чемерско, Крњево, Горна Бошава, Долна Бошава, Бојанчиште, Конопиште, Куманичево, Страгово, Мрежичко и месност викана „Мушов гроб“.
Субвенционирањето кое е предвидено за наредна година, ќе важи и за самостојни вршители на дејност како и правни лица кои се формирани како микро претпријатија, согласно Законот за трговски друштва.
Советникот Јован Златевски потсети дека субвенционирање имаше и оваа година на негов предлог, со цел рурален развој. свд/ар/
Фото:МИА