• понеделник, 23 декември 2024

Кавадарци ќе добие старечки дом како јавна институција

Кавадарци ќе добие старечки дом како јавна институција

Кавадарци, 3 август 2023 (МИА) - Кавадарци ќе добие старечки дом како јавна институција, информираше денеска градоначалникот Митко Јанчев, во рамките на седница на Општинскиот Совет.  

- Во преговори сме со Министерството за труд и социјална политика и во завршна фаза, заедно со Здружението на пензионери, земјиштето е земено во трајно користење, тоа е маркицата за изградба на старечки дом. Ќе има два објекта. Едниот објект ќе биде старечки дом за сместување и згрижување на лица, јавна а не приватна институција. Вториот објект ќе го градат пензионерите од сопствени средства, за дневни потреби, заминална, играорна сала, појасни градоначалникот. 

План, е, додаде Јанчев, во 2024 година, Министерството и Општината да испланираат финансиски средства за оваа намена, а локалната самоуправа ќе партиципира со средства од локалниот буџет. 

Министерството финансира до педесет легла. Нашиот дом е проектиран на околу 80 легла, па остатокот од 30 легла во процентуалната финансиска конструкција, Општината ќе влезе со свои средства за изградба на тој дом, рече Јанчев.

Тој нагласи дека продолжува поддршката и соработката со централната власт. свд/


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан