• вторник, 02 јули 2024

Кавадарци ќе добие затворен градски базен 

Кавадарци ќе добие затворен градски базен 

Кавадарци, 3 август 2023 (МИА) - Кавадарци ќе добие затворен градски базен, издадено е одобрение за градење, информираше денеска градоначалникот на Кавадарци. Митко Јанчев.

- Според информациите што ги имаме, преку Агенцијата за млади и спорт, за долгоочекуваниот затворен градски базен, од септември треба да се избере фирмата за градење на градскиот базен за кој постапките најверојатно се поминати и да може да се вклучиме во изградбата на базенот, соопшти Јанчев во рамки на седницата на општинскиот Совет. 

Локацијата на базенот е под стадионот „Тиквеш", на местото на поранешната дискотека ,,Лалуна". свд/бак/

Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан