• петок, 04 октомври 2024

Кавадарци со канти за пепел за да не се палат контејнерите за комунален отпад

Кавадарци со канти за пепел за да не се палат контејнерите за комунален отпад

Кавадарци, 2 октомври 2024 (МИА) - Метални канти за пепел се поставени низ градот Кавадарци, за да не се палат контејнерите за комунален отпад за време на грејната сезона, информираа денеска од јавното комунално претпријатие.  

- На повеќе места во градот, ЈП ,,Комуналец" како и секоја година, така и оваа, во текот на зимскиот период поставува метални канти со натпис и строга намена за пепел, се со цел да не дојде до запалување на контејнерите кои се наменети за комунален отпад. Упатуваме и апел до кавадарчани, пепелта да ја исфрлаат  во овие специјализирани канти, соопштија од претпријатието. 

Оттаму нагласија дека секое несовесно однесување ќе биде пријавено и санкционирано од надлежните институции. свд/са/

Фото ,,Комуналец"

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан