• четврток, 04 јули 2024

Кавадарци организира културно лето во наредните три месеци

Кавадарци организира културно лето во наредните три месеци

Кавадарци, 30 мај 2024 (МИА) - Општина Кавадарци организира културно лето во наредните три месеци. Според програмата за реализација усвоена од општинскиот Совет на последната седмица, на агендата се културно уметнички настани, едукативни работилници, претстави, спортски игри, ликовни колонии, проекции на филм и други случувања. 

- Меѓу другото, предвидена е и презентација на пожарникари, со цел подигнување на противпожарната свест, за превентивно да се влијае против појава на пожари, соопштија од Општината. 

Во програмата се и хумористичен настан, но и случувања поврзани со традиција, храна, вино и ракија, бабини игри, но и детски и ритмички игри, цртање на лица,  подготовка на коктели, боемски настан, фестивал на чалгиска музика, фолклорни средби, гурмански викенд. 

Според финансискиот извештај, реализацијата на оваа програма чини 400 илјади денари. свд/ир


Фото : МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан