• вторник, 24 декември 2024

И покрај врнежите, неопходно наводнување на земјоделските култури, посебно во градинарството

И покрај врнежите, неопходно наводнување на земјоделските култури, посебно во градинарството

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Локалните врнежи од дожд што деновиве ја зафатија земјава, го подобрија водниот режим на почвата, но наводнувањето и натаму останува приоротет, велат агрометеоролозите. Во оваа фаза на развој, напоменуваат, најголема потреба од вода имаат градинарските култури.

Според агрометеоролозите, производителите треба да продолжат и со спроведување на агротехничките мерки.

-За време на викендов имавме сончево и топло време со постепено зголемување на облачноста, појава на врнежи од дожд и благо опаѓање на температурата. Од агрометеоролошки аспект, појавата на врнежи од дожд го подобрува водно-физичкиот режим на почвата и ја надополнува влагата потребна во овој период од годината за сите земјоделските култури. Од сите групи култури, во оваа фаза на развој, потребата од вода им е најнеопходна на градинарските култури. Кај повеќето градинарски култури плодот има висока содржина на вода, над 90 отсто, и најчесто квалитетот е поврзан токму со содржината на вода. Овие култури имат поплиток коренов систем и послаба моќ на вшмукување, поради што почесто барат вода. Краставиците образуваат голема лисна маса, а квалитетните плодови содржат висок процент вода. Доколку има недостиг на вода, приносот и квалитетот многу се намалуваат, а плодовите се со горчлив вкус. И кај останатите култури обезбеденоста со вода е неопходна за нормален раст и развој. Затоа, приоритет на земјоделските производители треба да биде снабдување на земјоделските култури со потребното количество вода, но треба да се продолжи и со примената на сите потребни агротехнички мерки, порачуваат агрометеоролозите од УХМР. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан