• петок, 22 ноември 2024

И Ирска денеска ја призна Палестина, по Шпанија и Норвешка

И Ирска денеска ја призна Палестина, по Шпанија и Норвешка

Даблин, 28 мај 2024 (МИА) - Ирска денеска официјално ја призна државата Палестина, откако одлуката беше усвоена од парламентот на оваа островска земја.

„Владата ја признава Палестина како суверена и независна држава и се согласи да воспостави целосни дипломатски односи меѓу Даблин и Рамала. Ирскиот амбасадор во државата Палестина ќе биде назначен заедно со останатите вработени во ирската амбасада во Рамала“, соопшти ирската Влада, пренесе Ал Џезира.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денеска објави дека Шпанија ја признала палестинската држава која ги вклучува Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со главен град источен Ерусалим.

Санчез во телевизиско обраќање рече дека Шпанија нема да признае никакви промени на палестинските граници по 1967 година, освен ако сите страни не постигнат договор за тоа.

Заедно со Ирска и Шпанија, Палестина денеска ја призна и Норвешка.

-Норвешка е еден од најверните бранители на палестинската држава повеќе од 30 години, рече норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде по стапувањето на сила на признавањето на државата.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан