• понеделник, 29 април 2024

Италијанскиот министер за одбрана, Кросето во посета на Косово

Италијанскиот министер за одбрана, Кросето во посета на Косово

Приштина, 29 март 2024 (МИА) – Министерот за одбрана на Италија, Гвидо Кросето допатува претпладнево во Косово, каде што ќе се сретне со неговиот хомолог, косовскиот министер за одбрана, Ејуп Маќедонци и со командантот на мисијата на НАТО во земјата КФОР, Озкан Улуташ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на италијансаката амбасада во Приштина се наведува дека Кросето во базата на НАТО ќе ги посети војниците од италијанскиот контигент на КФОР, на кои ќе им го честита вториот ден од тридневието на католички Велигден, Велик петок.

- Авионот со италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето штотуку слета во Приштина. На дневен ред се разговори со неговиот косовски колега, Ејуп Маќедонци и со командантот на КФОР, Озкан Улуташ. Во базата на НАТО во „Филм Сити“ министерот ќе го поздрави италијанскиот контингент распореден на Косово, се вели во соопштението на Амбасадата на Италија во Косово. иа/ссм/

Остани поврзан