• понеделник, 25 ноември 2024

Истече преодниот рок за почеток на примената на одлуката за укинување на динарот на Косово

Истече преодниот рок за почеток на примената на одлуката за укинување на динарот на Косово

Белград, 12 мај 2024 (МИА) - Денеска истече преодниот рок што го одреди Централна банка во Приштина за почеток на примената на уредбата за забрана на користење на динарот на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Во Приштина најавија дека од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои за готовински трансакции во Косово користат валути освен еврото, соопшти РТК.

Во преодниот период не беа изречени казнени мерки, туку граѓаните беа информирани за примената на регулативата за готовинско плаќање. Комерцијалните банки кои работат во Република Косово добија инструкции да отворат нови филијали на северот.

Како што соопшти Централната банка на Косово (ЦБК), по 12 мај, сите готовински трансакции каде било во покраината мора да се вршат во евра.

-Валутите различни од еврото може да се користат како вредност за складирање во физичка форма или на банкарски сметки во валути што не се во евра, за извршување на меѓународни плаќања во валути што не се евра и за девизни активности, се наведува во уредбата на ЦБК.

Следната недела во Брисел ќе се одржи седмата по ред рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, на која, како што најави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, главна тема повторно ќе биде „едностраната и незаконска одлука на Приштина да ги укине динарите и платежниот оптек на динари на Косово“.

Петковиќ рече и дека нацрт-статутот на Заедницата на српските општини подготвен од ЕУ може да биде добра основа за продолжување на разговорите. об/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан