• понеделник, 04 ноември 2024

Испитување: Францускиот не е јазик со најсекси нагласок на светот

Испитување: Францускиот не е јазик со најсекси нагласок на светот

Рим, 14 февруари 2024 (МИА) - Францускиот веќе не важи за јазик со најсекси нагласок на светот, посочува ново истражување на платформата за учење јазици „Бабел“. Испитаници од западните земји Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија, Германија и САД оценувале кои јазици ги сметаат за најсекси, најљубовни и најстрасни.

Според резултатите, мнозинството луѓе го сметаат италијанскиот за најсекси и најромантичен јазик. А пак, англискиот е најучтив, додека германскиот - најдиректен јазик.

- Постојат одредени карактеристики на италијанскиот јазик кои можат да придонесат за неговата привлечност, истакна наставникот Бабел Ноел Волф. - Засилувањата и спуштањата на јачината на говорниот италијански јазик може да создаде музички квалитет којшто некои луѓе го сметаат за примамлив и привлечен. И одредени фонетски одлики, како што е „гребењето“ на звукот „р“, се типични и препознатливи во италијанскиот јазик, што многумина го сметаат за шармантно и привлечно, појасни тој.

Истражувањето го разгледува и мнението за партнерите кои зборуваат различни јазици. Според наводите, повеќе од 70 отсто од британските испитаници рекле дека учењето јазик би помогнало да се поттикне посилна емоционална врска меѓу нив, доколку англискиот на другиот или другата не им е прв јазик.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан