• понеделник, 15 декември 2025

Иран притвори 18 членови на екипажот на странски танкер запленет во Оманскиот Залив

Иран притвори 18 членови на екипажот на странски танкер запленет во Оманскиот Залив

Техеран, 13 декември 2025 (МИА) - Иранските власти го притворија 18-члениот екипаж на странски танкер запленет во Оманскиот Залив вчера, за кој рекоа дека превезувал шест милиони литри шверцувано гориво, објавија иранските медиуми и судството во покраината Хормозган.

Тие рекоа дека капетанот на бродот е меѓу приведените, а истрагата е во тек.

Според медиумите, екипажот се состоел од морнари од Индија, Шри Ланка и Бангладеш.

Властите соопштија дека танкерот направил повеќекратни прекршоци, вклучително и „игнорирање на наредбите за запирање, обид за бегство и недостаток на информации за навигација и товар“.

Иран, каде што цените на горивата се меѓу најниските во светот поради големите субвенции и падот на вредноста на националната валута, се бори со масовно шверцување гориво - по копно до соседните земји и по море до земјите од Заливот. мс/

фото: ЕПА илустрација

Остани поврзан