• сабота, 20 јули 2024

Иран: По израелските напади дислоциравме дел од нуклеарната централа Караџ

Иран: По израелските напади дислоциравме дел од нуклеарната централа Караџ
Техеран, 29 април 2022 (МИА) - Значителен број центрифуги се преместени на побезбедна локација поради „терористичките напади“ врз иранската нуклеарна централа Караџ, Бехроуз Камалванди. - Поради терористичката операција против комплексот ТЕСА Караџ, моравме да ја зголемиме безбедноста и да преместиме значителен дел од машините за центрифугата на побезбедна локација, посочи Камалванди. Тој ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека не посветува доволно внимание на „опасните операции“ на Израел против иранските нуклеарни постројки. МААЕ пред две недели ги информираше своите членки дека Иран ја преселил фабриката во Натанц. И генералниот директор на МААЕ, Рафаело Гроси вчера потврди дека Иран ја преселил работилницата за производство на центрифуги за збогатување ураниум во Натанц, подземна локација. Таму се користат машини од сега затворената фабрика во Караџ, лоцирана западно од Техеран, што во јуни беше цел на израелска саботажа Иран и САД водат индиректни разговори во Виена за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година постигнат, од кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година се повлече, а Техеран почна да го прекршува договорот. Според договорот Техеран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на економските санкции. ми/

Остани поврзан