• сабота, 27 април 2024

Иран: Повторно воспоставен авиосообраќајот во земјата

Иран: Повторно воспоставен авиосообраќајот во земјата

Техеран, 19 април 2024 (МИА) - Летовите во Иран, кои утринава беа суспендирани над неколку градови и провинции, се повторно воспоставени, јавува иранската новинска агенција ИРНА.

Специјализираниот портал Flight Radar 24, пак, наведува дека аеродромите во Техеран, Шираз и Исфахан се сè уште затворени, додека воздушниот сообраќај е воспоставен на западот на земјата.

Авиокомпаниите од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги суспендираа летовите за Иран до понатамошно известување. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан