• среда, 27 ноември 2024

Иран и големите сили се подготвени да го поздрават враќањето на САД во рамките на нуклеарниот договор

Иран и големите сили се подготвени да го поздрават враќањето на САД во рамките на нуклеарниот договор
Брисел, 2 април 2021 (МИА) – Иран и големите сили кои го потпишаа меѓународниот договор што треба да го спречи Техеран да развива нуклеарно оружје денес соопштија дека се подготвени да го поздрават враќањето на САД во тој пакт. Европската унија, Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Кина и Иран изјавија дека „ја препознаваат важноста за целосно враќање на САД“ во рамките на договорот од 2015 година и „ја истакнаа нивната подготвеност да одговорат позитивно во заеднички напори“, се вели во заедничката изјава по состанокот. Учесниците изјавија дека тие ја „истакнаа нивната посветеност за зачувување“ на договорот и „разговараа за начините да се обезбеди враќање кон целосно и ефикасно спроведување“ на документот. Групата додаде дека разговорите за договорот ќе продолжат во Виена во вторник „со цел прецизно да се дефинира процесот на укинување на санкциите и мерките за примена на нуклеарните ограничувања“. Американските официјални лица јавно не ја коментираа денешната средба, но Вашингтон вчера го поздрави соопштението за средбата на Европејците и Иранците. САД го напуштија договорот со Иран во 2018 година, во времето на поранешниот претседател Доналд Трамп, но новиот шеф на Белата куќа, Џозеф Бајден, го определи враќањето во рамките на договорот како приоритет на неговата администрација. Сепак, администрацијата на Бајден и Техеран имаат различни ставови за условите за враќање на САД, вклучувајќи го и прашањето кога Вашингтон треба да ги укине санкциите за Иран. јт/

Остани поврзан