• четврток, 25 јули 2024

Иран заплени јужнокорејски танкер, Јужна Кореја побара итно ослободување

Иран заплени јужнокорејски танкер, Јужна Кореја побара итно ослободување
Техеран, 4 јануари 2020 (МИА) - Јужнокорејското Министерство за надворешни работи денеска побара итно ослободување на нивниот танкер со хемикалии, кој беше заробен од иранска поморска единица во водите во близина на Оман. Јужнокорејските сили се стационирани во близина на теснецот Ормус во Персискиот Залив. Членовите на екипажот се од Јужна Кореја, Индонезија, Виетнам и Мјанмар. Иранските медиуми денеска потврдија дека морнарицата на револуционерната гарда заплени јужнокорејски трговски брод поради, како што рекоа, загадувањето на Персискиот залив со хемикалии “. „Иранските власти го уапсија екипажот на танкер што пловеше под јужнокорејско знаме во водите на Заливот, што беше запленет од „Чуварите на револуцијата“, идеолошката армија на Иран, објавија локалните медиуми. Како причина за запленувањето е наведено дека станува збор за „ризик за животната средина“. „Воената морнарица Сепах (телото на Чуварите на револуцијата) заплени еден корејски брод во водите на Заливот и го префрли на пристаништата во нашата земја. Тој брод, кој плови со јужнокорејско знаме, е запленет поради загадување на нафтата и еколошки ризици“, пренесуваат медиумите. Бродот носи хемиски товар, за кој не е прецизирано за што станува збор, се вели во анализата на податоците на компанијата „Рефинитив“. Амбри, британска безбедносна фирма, претходно го пријави инцидентот, наведувајќи дека изгледа како заплена. Друга поморска безбедносна фирма, „Драјд Глобал“ соопшти дека екипажот се состои од 23 морнари од Индонезија и Мјанмар. паг/        

Остани поврзан