• среда, 27 ноември 2024

Иран ги поздрави најавите од САД за можно укинување на некои санкции

Иран ги поздрави најавите од САД за можно укинување на некои санкции
Техеран, 6 април 2021 (МИА) – Иран денеска ги поздрави „ветувачките“ неодамнешни коментари на американски функционери кои предлагаат САД да ги укинат санкциите за да се вртат на нуклеарниот договор од 2015 година. - Сметаме дека овој став е реален и ветувачки. Тоа би можело да биде почеток на корекција на лошиот процес што ја доведе дипломатијата до ќорсокак, рече портпаролот на иранската Влада Али Рабиеи. САД вчера соопштија дека се подготвени да ги разгледаат клучните санкции кон Иран доколку се усогласат со нуклеарниот договор пред индиректните разговори предводени од Европа со цел спасување на договорот, пишува „Тајмс оф Израел“. Според весникот, Стејт департментот потврдил дека Роб Мали, новиот пратеник за Иран, именуван од администрацијата на претседателот Џо Бајден, отпатува за Виена каде ја предводи американската делегација што учествува на состанокот кој се одржува со цел да се спаси иранскиот нуклеарен договор. - Не може да се негира дека итно му пристапуваме на ова прашање, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. Прајс повтори дека САД се подготвени да разгледаат укинување на санкциите, но само оние што се поврзани со нуклеарното прашање. - Ние сигурно нема да преземаме еднострани гестови или да правиме отстапки за да го привлечеме Иран и да го одоброволиме, рече Прајс. - Оригиналната формулација е онаа што важи и денес – тоа е ограничено укинување на нуклеарните санкции a за возврат трајни и проверливи ограничувања на иранската нуклеарна програма, рече тој, повикувајќи се на текстот на договорот. јт/  

Остани поврзан