• среда, 16 октомври 2024

Иран ги осудува новите санкции на ЕУ и Велика Британија

Иран ги осудува новите санкции на ЕУ и Велика Британија

Техеран, 15 октомври 2024 (МИА) - Иран ги осудува новите санкции на ЕУ и Велика Британија против официјален Техеран и негира дека и доставил балистички ракети на Русија, објави денеска на својот „Х“ профил портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи.

Европската унија вчера одлучи да воведе санкции против седум поединци и седум организации, вклучително и Иран Ер, поради нивната поврзаност со иранскиот трансфер на балистички ракети во Русија. На санкционираната листа се и Саха Ерлајнс и Махан Ер, како и заменик-министерот за одбрана на Иран, Сејед Хамзе Галандари.  

Во исто време, Велика Британија додаде девет нови одредени субјекти во режимот на санкции за Иран.

Повикувајќи се на разузнавачки информации што ги споделија со сојузниците минатиот месец, САД соопштија дека балистички ракети и биле доставени на Русија од Иран за војната во Украина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан