• понеделник, 23 декември 2024

Интер го претстави новиот амблем

Интер го претстави новиот амблем
Милано, 30 март 2021 (МИА) – Италијанскиот фудбалски гигант Интер денес преку социјалните мрежи го претстави новото лого. Амблемот е направен во три бои, во црн круг со син централен дел, има стилизирани букви ИМ - Интернационале Милано. Буквите „FC“, како и златната боја кои беа на старото лого, веќе ги нема. Сината боја стана подоминантна. Интер во тековната сезона се наоѓа на првата позиција на табелата во Серија А и е на добар пат да го симне Јувентус од тронот во италијанскиот фудбал. зс/

Остани поврзан