• понеделник, 23 декември 2024

Интензивни врнежи од дожд и град го зафатија кумановско 

Интензивни врнежи од дожд и град го зафатија кумановско 

Куманово, 21 мај 2024 (МИА) - Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град.

Од Регионалниот центар за управување со кризи - Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има пријави на штети на земјоделски површини.

Во урбаните средини во Куманово поради големата количина на дожд и недостиг на атмосфера канализација  водата се слева по улиците.

На улицата „11 Октомври" пријавена е поплава на дворно место во чија близина има трафостаница за што е информирана ЕВН, соопштија од РЦУК-Куманово. ам/фф

Фото: МИА и социјални мрежи граѓани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан