• недела, 22 декември 2024

Интензивниот дожд поплави улици и локални патишта во Тетово

Интензивниот дожд поплави улици и локални патишта во Тетово

Тетово,  22 ноември 2022 (МИА) - Неколкучасовниот интензивен дожд вечерва предизвика поплави на улицибулевари и локални патишта во Тетово.  

Врнежите предизвикаа проблеми за граѓаните на неколку места каде редовно се поплавуваат улиците. Речиси целосно се поплавија улиците во населбата Дарданија, источно од железничката пруга, улицата „172“, која го спојува Тетово со Мала Речица, неколку улици околу касарната. 

Во некои куќи надојдената вода поплави дворови и подруми. Поплавен е и локалниот пат од Тетово кон Фалише кај подвозникот. Според изјава на жители, сообраќајот е во прекин и не може да се помине од Тетово кон Фалише.

И поголем дел од градските улици се најдоа под вода во зависност од интензитетот на врнежи, како и од апсорпцијата на водата во атмосферската канализација. ас/хс/

Остани поврзан