• четврток, 09 април 2026

ВРЕДИ: Правичната и соодветна застапеност станува закон

ВРЕДИ: Правичната и соодветна застапеност станува закон

Скопје, 8 април 2026

Правичната и соодветна застапеност не е подарок, туку уставно право гарантирано уште од 2001 година. Иако законот за ова прашање требаше да се донесе уште во 2003 година, со години беше оставен настрана од оние кои ова право го користеа само за пропаганда, полнење џебови и без храброст да го решат, стои во соопштението на ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално.

По одлуката на Уставниот суд од 9 октомври 2024 година, со која падна балансерот како алатка, стана јасно дека ова прашање повеќе не може да се одржува со импровизации и половични решенија. Требаше закон. И денес, конечно, благодарение на ВРЕДИ имаме закон.

Овој закон воведува ред таму каде што со години владееше нејасност, воспоставува механизми за спроведување и предвидува координативно тело, предводено од вицепремиер, како гаранција дека правото на Албанците за правична и соодветна застапеност повеќе нема да биде занемарено. Фактот што законот е изработен и во согласност со забелешките на Венецијанската комисија дополнително ја зацврстува оваа одлука.

Сега Собранието е на потег. Ова е момент кога секој треба да покаже дали е на страната на историјата. Повеќе нема место за лажен патриотизам. ВРЕДИ не прави врева за правата на Албанците, туку ги претвора во закон. Албанците не се алатка, туку се закон.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан