• вторник, 07 мај 2024

Институт за проучување на војна: Украина ќе може да ги стабилизира линиите на фронтот во наредните месеци

Институт за проучување на војна: Украина ќе може да ги стабилизира линиите на фронтот во наредните месеци

Вашингтон, 28 април 2024 (МИА) - Украинските одбранбени сили ќе можат да ги стабилизираат линиите на фронтот во наредните месеци во услови на тековната руска офанзива, објави Институтот за проучување на војната.

„Многу веројатно е дека Украина ќе ги стабилизира линиите на фронтот во наредните месеци и можеби ќе може да започне ограничени контраофанзивни операции кон крајот на 2024 или почетокот на 2025 година“, се вели во извештајот.

Според аналитичарите на Институтот руските сили сè уште страдаат од широко распространети тактички неуспеси, а украинските сили сè уште ќе можат да ги искористат овие неуспеси, додека руската воена команда продолжува да има проблеми со адаптациите на тактичко ниво.

„Украина ќе може да неутрализира многу од материјалните ограничувања со кои моментално се соочува во наредните недели и да преземе чекори за да ги олесни предизвиците со работна сила во наредните месеци, но Русија ќе продолжи да ги користи сопствените предности додека се подобруваат украинските способности“, се наведува во извештајот. 

Аналитичарите веруваат дека добро опремените украински сили веројатно ќе можат оперативно да спречат значителен руски напредок за време на очекуваниот обид за летна офанзива на Русија.

„Меѓутоа, руските сили ќе користат одредени предности и прилагодување на ситуацијата што ќе претставуваат значителна закана за Украина ова лето“, заклучува Институтот за проучување на војната. ссм/

фото: ЕПА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан