• сабота, 16 ноември 2024

Институтот за балкански студии со Центарот за тракологија на Бугарската академија на науки ја претставува иницијативата - подкаст „Ајде да зборуваме за Балканот“

Институтот за балкански студии со Центарот за тракологија на Бугарската академија на науки ја претставува иницијативата - подкаст „Ајде да зборуваме за Балканот“
Софија, 11 ноември 2021 (МИА) - Институтот за балкански студии со Центарот за тракологија (ИБЦТ-БАС) на Бугарската академија на науките (БАН) ја претстави иницијативата - подкаст „Ајде да зборуваме за Балканот“, соопшти прес-центарот на БАН. Како што јави БТА, подкастот ќе содржи разговори со млади и етаблирани експерти од земјата и странство, на теми поврзани со историјата, културата и современиот развој на Балканот. Тие ќе бидат објавени со бесплатен пристап на платформите Spotify, Apple Podcasts, Podcast Addict, Podchaser, Pocket Casts, Deezer, Listen Notes, Player FM, Podcast Index и RSS Feed. На овој начин слушателите ќе имаат можност да ги слушнат во време погодно за нив. Главната цел на тимот на Институтот е да ги претстави академските знаења и резултатите од истражувањето на пошироката јавност на нов начин преку употреба на еден од најпопуларните и најбрзо растечките формати во современиот свет. Гостин во првата епизода е генералниот директор на бугарската телеграфска агенција Кирил Влчев, соопшти ИБЦТ-БАС. До крајот на 2021 година ќе бидат емитувани пет епизоди, а иницијативата ќе продолжи следната година. ИБЦТ-БАС на БТА и пренесе одбрани моменти од разговорот со Кирил Валчев, поврзани со иницијативата - подкаст „Ајде да зборуваме за Балканот“. Како човек кој посетил 182 од 193 земји, Кирил Валчев смета дека Балканот е најдобро место за живеење, место каде европската цивилизација е комбинирана со голема блискост меѓу луѓето; место на вечен празник. Според Кирил Влчев, најдоброто нешто што може да се случи во иднина е народите на Балканот да почнат да го познаваат своето секојдневие барем исто како и нивната историја. Овде тој ја гледа улогата на Бугарската телеграфска агенција. Кирил Влчев споделува дека со новинската агенција на Република Северна Македонија, покрај целосните емисии, секојдневно разменува по една вест, најважна за двете земји. Тој изрази надеж дека слична практика ќе се воспостави и со новинските агенции во другите балкански земји. - На крајот од разговорот Кирил Валчев го повика современиот Балкан да го запознае своето секојдневие“,наведуваат од Институтот за балкански студии при Центарот за тракологија на Бугарската академија на науките. ми/

Тагови

Остани поврзан