• петок, 27 септември 2024

Инзаги: Знаевме дека ќе треба максимален напор за да имаме одличен натпревар против Сити

Инзаги: Знаевме дека ќе треба максимален напор за да имаме одличен натпревар против Сити

Манчестер, 19 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги искажа впечатоците од ремито со Манчестер сити (0:0) во 1. коло од главниот турнир во Лигата на шампионите.

- Во соблекувалната реков: „Браво момци“. Прикажаа игра на врвно ниво. Ги замолив да играат токму онака како што на крајот играа. Сите знаеме за што е способен Манчестер сити и бевме свесни дека ќе треба максимален напор за да одиграме добро. И успеавме. Повеќе ме растревожи Мхитарјан што не постигна гол. Мислев дека ќе реализира, го цитира Инзаги прес-службата на УЕФА.

Во 2. коло Сити на 1. октомври гостува кај Слован, а Интер ќе се сретне со Црвена ѕвезда. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан