Индија: Дијалогот и дипломатијата се патот за крај на војната во Украина
- Индија ја поздрави средбата на врвот меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска и го оценува постигнатиот напредок како значаен, изјави денеска портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи.
Њу Делхи, 16 август 2025 (МИА) - Индија ја поздрави средбата на врвот меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска и го оценува постигнатиот напредок како значаен, изјави денеска портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи.
- Патот напред може да биде само преку дијалог и дипломатија. Светот сака да види скорешен крај на конфликтот во Украина, нагласи портпаролот. ссм/
фото: архива