• петок, 17 мај 2024

Индискиот премиер Моди почесен гостин на Макрон за Денот на Бастиља

Индискиот премиер Моди почесен гостин на Макрон за Денот на Бастиља

Париз, 11 јули 2023 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди во петок ќе биде почесен гостин на францускиот претседател Емануел Макрон за националниот празник Денот на Бастиља.

„Едвај чекам да го видам мојот пријател, претседателот Макрон“, напиша Моди на Твитер.

Елисејската палата смета дека Индија е столб на француската индо-пацифичка стратегија, која се заснова на истата амбиција за слободен, отворен простор, каде што целосно се почитува меѓународното право.

Индиските власти ја гледаат Франција како важен двигател на индо-пацифичката стратегија на Европската унија, велат дипломатски извори.

Моди ќе пристигне во Франција во четврток. Макрон ќе му приреди вечера во музејот Лувр.

Индискиот премиер ќе биде почесен гостин на воената парада во Париз, на која ќе учествува и индискиот воен контингент.

Индија и Франција се две нуклеарни сили, поврзани со 25-годишно стратешко партнерство изградено специјално околу одбранбената соработка. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан