• понеделник, 13 мај 2024

Индискиот премиер го покани папата Франциск да ја посети Индија

Индискиот премиер го покани папата Франциск да ја посети Индија
Ватикан, 30 октомври 2021 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди денеска се сретна со папата Франциск и го покани да ја посети Индија. Како што пренесуваат странските агенции, ова е пресврт во односите меѓу Њу Делхи и Ватикан, откако преговорите за патувањето на католичкиот поглавар во земја населена претежно со хиндуисти во 2017 година не беа реализирани. „Имав многу срдечна средба со папата Франциск и можност да разговарам со него за широк спектар на прашања, а исто така го поканив да ја посети Индија“, напиша Моди на Твитер. Индискиот премиер е во Рим, каде денеска и утре ќе се сретне со лидерите на Групата 20 најиндустриски развиени земји во светот (Г20). паг/  

Остани поврзан