• сабота, 05 октомври 2024

Имобиле може да го замени Суарез во Барселона

Имобиле може да го замени Суарез во Барселона
Рим, 29 август 2020 (МИА) - Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле е во интерес на Барселона, пренесува „Sport.es“. Каталонскиот клуб се подготвува за заминување на напаѓачот Луис Суарез и ја разгледува опцијата за покана на екс-играчот на Севилја. Триестгодишниот Имобиле разговара со Лацио за продолжување на договорот. Тој сака да добие повеќе од три милиони евра, кои сега ги заработува, а римскиот клуб не е подготвен за него значително да ја зголеми платата. Минатата сезона, Имобиле им помогна на „лацијалите“ да го заземат четвртото место на табелата во Серија А.Тој исто така ја освои „Златната копачка“, постигнувајќи 34 гола. Договорот на Италијанецот со клубот од Рим важи до 30 јуни 2023 година. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан