• недела, 19 мај 2024

Именуван нов началник на полицијата во Кочани

Именуван нов началник на полицијата во Кочани

Штип, 25 август 2023 (МИА) - Горан Сандевски е нов началник на Одделението за внатрешни работи во Кочани. Тој на местото началник официјално е именуван на 22 август, односно во вторникот, а на позицијата доаѓа од СВР Штип, каде пет и пол години работеше како началник во Одделот за криминалистичко разузнавање.

Сандевски во полициското работење е со стаж од 23 години.

Со ова Одделението за внатрешни работи во Кочани добива нов началник по неколкумесечна пауза. вдј/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан