• понеделник, 23 декември 2024

Изучување на странски јазици преку наставни содржини, обука за професори во Куманово

Изучување на странски јазици преку наставни содржини, обука за професори во Куманово

Куманово, 18 септември 2023 (МИА) - „Интегрирано изучување на странски јазици преку различни наставни содржини“ е насловен дводневниот семинар кој се одржува денеска во државното средно училиште, Регионален центар за стручно образование „Киро Бурназ“. Експерти од Европскиот центар за современи јазици од Грац Австрија ги обучуваа професорите по англиски јазик од кумановскиот регион. Центарот од Грац, за првпат во државата организира ваква обука чија цел е да се да се спроведат ефективни политики во земјите членки од ЕУ. Од неодамна и земјава стана дел од мрежата на организацијата. Професорите се едуцираат со нови методи, техники кои го унапредуваат пренесувањето на знаењето на нивните ученици.

- Овде го презентираме европскиот центар за современи јазици и моделот за корелација на изучување на странските јазици како одделна дисциплина и помошта на странските јазици при изучување на другите предмети. Наставниците изучуваат методи, техники како да го имплементираат моделот при часовите по странски јазик и при изучување и на други предмети, изјави Летиција Чинганото професор од Универзитетот од Перуџа, Италија.

Лидерот на тимот од Кевин Шак вели дека главната идеја на овој проект е да се изденачи образованието за сите во цела Европа.

- Сметаме дека е неправедно, доколку еден ученик живее во еден дел од Европа и не добива исто образование како ученици во друг дел од Европа и се обидуваме да го изедначиме преку обуки и методи кои се еднакви за сите сите. Тоа е целат на европскиот центар за современи јазици кои имаат тимови за консултација и насекаде во Европа се организираат обуки за да се унапредат животите на учениците, изјави, независен консултант од Холандија.

Координаторот на проектот Зоран Апостоловски, раководител на секторот за вмрежување и соработка од „Киро Бурназ“, информираше дека на обуката присуствуваат над 30 професори по странски јазици кои предаваат прв или втор јазик, наставници од билингвални паралелки, од други наставни предмети со солидно познавање на англискиот.

- Европскиот центар за современи јазици е проширен делумен договор на Советот на Европа кој се занимава со иновативност во јазичното образование. Нивните експерти прават анализи, соработуваат со носители на одлуки во креирањето на политики во јазично образование во земјите од ЕУ. Од неодамна и земјава е членка на мрежата и ова е прв настан заеднички, изјави Апостоловски.

Професорката по англиски јазик, Линда Реџепи од „Перо Наков“, смета дека семинарот е одлична можност за изучување на нови методи, лесно применливи за професорите.

- Се надевам дека овие знаења ќе ги примениме и е овозможиме полесно да го совладаат странскиот јазик, вели Реџепи.

Вакви обуки веќе се одржале во Естонија, Чешка, Словачка, Полска, Словенија, Шпанија и други држави во Европа. ам/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан