• понеделник, 29 јули 2024

Израел нападна цели на Хезболах во Либан

Израел нападна цели на Хезболах во Либан

Тел Авив, 28 јули 2024 (МИА) – Израелски авиони во текот на ноќта извршија напад врз Хезболах, на територијата на Либан, како одговор на претходниот ракетен напад.

Според последните информации, дванаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во ракетниот напад врз фудбалско игралиште во Голанската Висорамнина, на северот на Израел.

- Во текот на ноќта израелските воздухопловни сили нападнаа голем број терористички цели на Хезболах длабоко на територијата на Либан, во јужната област, вклучувајќи складишта за оружје и терористичка инфраструктура. Нападнати беа цели во областите Чабриха, Борџ Ел Чмали и Бекуа, Кфаркела, Раб Ел Талатин, Киам и Таир Харпа, соопшти израелската армија.

Претходно израелските власти за нападот го обвинија либанскиот исламистички Хезболах, кој дејствува со поддршка на Иран. Хезболах ги негираше таквите наводи и соопшти дека „нема никаква врска со тоа“ и категорично ги отфрли таквите обвинувања. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан