• петок, 22 ноември 2024

Хезболах ги евакуираше своите позиции во Либан

Хезболах ги евакуираше своите позиции во Либан

Бејрут, 28 јули 2024 (МИА) - Либанското шиитско движење Хезболах ги евакуираше своите позиции во земјата, откако Израел се закани дека „ќе го нападне со сила“, како одмазда за ракетниот напад врз анектираната Голанска висорамнина, изјави денеска извор близок до Хезболах.

Израел вети дека ќе го „нападне непријателот со сила“ еден ден по нападот на Голан за кој го обвини Хезболах.

Нападот, во кој загинаа 12 лица, ги зголеми стравувањата од проширување на конфликтот во време на војна меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас во Појасот Газа.

Хезболах, кој ја негираше одговорноста за нападот, „евакуираше одредени позиции на југ и на исток кои би можеле да бидат цел на Израел“, изјави извор на Хезболах близок до Иран. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан