• недела, 09 февруари 2025

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците

Доха, 15 јануари 2025 (МИА) – Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на еден неименуван американски и на еден арапски претставник.

- Во наредните часови ќе биде објавен договорот, изјави арапскиот претставник.

Американскиот претставник за „Аксиос“ изјави дека е постигнат договор за заложниците и за прекин на огнот во Појасот Газа.

- Договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците беше постигнат по состанокот на катарскиот премиер со преговарачите на Хамас и одделно со израелските преговарачи во неговата канцеларија, истакна неименуван претставник. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан