• петок, 07 февруари 2025

Трамп: Имаме договор

Трамп: Имаме договор

Вашингтон, 15 јануари 2025 (МИА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го поздрави денеска постигнатиот договор помеѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците и за прекин на огнот во Појасот Газа.

- Имаме договор за заложниците во Блиски Исток. Тие ќе бидат ослободени наскоро. Ви благодариме!, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут“ (Truth).

Договорот помеѓу Израел и Хамас е постигнат денеска во Доха.

Договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците беше постигнат по состанокот на катарскиот премиер со преговарачите на Хамас и одделно со израелските преговарачи во неговата канцеларија, истакна неименуван претставник. ми/

фото: Трут

Остани поврзан