• среда, 15 април 2026

Над 250 исчезнати откако потона брод со бегалци Рохинџа и мигранти од Бангладеш во Андаманско Море 

Над 250 исчезнати откако потона брод со бегалци Рохинџа и мигранти од Бангладеш во Андаманско Море 

Дака, 14 април 2026 (МИА) - Над 250 лица се водат како исчезнати откако брод што превезувал мигранти од Бангладеш и бегалци Рохинџа од соседен Мјанмар потонал во Андаманското Море, објавија руските медиуми, повикувајќи се на весникот „Дака тајмс“.

Бродот отпловил од Бангладеш за Малезија, а според првичните информации, се превртел поради преоптоварување, силни ветрови и бура.

Во тек е операција за пребарување и спасување.

Претставник на бангладешката полиција ја потврди веста за агенцијата Анадолија.сд/

фото:МИА архива 

 

Остани поврзан