• среда, 14 август 2024

Израелско МНР: Во УНРВА работат 100 оперативци на Хамас, побарано е нивно отпуштање

Израелско МНР: Во УНРВА работат 100 оперативци на Хамас, побарано е нивно отпуштање

Тел Авив, 11 јули 2024 (МИА) - Израелското Министерство за надворешни работи тврди дека во Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) се вработени 100 терористи оперативци на Хамас и побара од организацијата веднаш да ги отпушти.

Во писмото на шефот на Бирото за Блискиот Исток на израелското Министерство за надворешни работи, Амир Вајсброд, се наведува дека присуството на терористите на Хамас во УНРВА е „постојана причина за загриженост“ за израелските власти, пренесува денеска „Фокс њуз“.

„Изминатите месеци, Израел откри дека УНРВА вработила стотици терористи во Појасот Газа, главно членови на Хамас и на Палестинскиот исламски џихад, а некои од нив имаат високи позиции во организацијата на ОН или во Хамас. се вели во писмото. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан