• вторник, 17 декември 2024

Израелското Обвинителство против барањата на Нетанјаху за забавување на судскиот процес против него

Израелското Обвинителство против барањата на Нетанјаху за забавување на судскиот процес против него

Тел Авив, 5 декември 2024 (МИА) - Државното обвинителство на Израел се спротивстави на барањето на премиерот Бенјамин Нетанјаху за сведочење со побавно темпо во судскиот процес против него, кој влегува во петтата година.

Нетанјаху побара да сведочи двапати неделно наместо трипати, да нема последователни денови на сведочење и процесите да започнуваат во 10 часот наместо во 9, наведувајќи ги како причина своите државнички обврски.

Обвинителството предупреди дека прифаќањето на барањата би го успорило процесот, бидејќи премиерот би сведочел само девет часа неделно. Потенцираат дека е во јавен интерес судењето што побрзо да заврши, бидејќи сите мора да бидат еднакви пред законот.

Исто така, изразија загриженост за барањето дел од неговиот исказ да биде зад затворени врати, тврдејќи дека судот нема добиено доволно аргументи за таква одлука.

Нетанјаху, кој ги негира обвинувањата, е обвинет во два случаи за измама, а во третиот за корупција и измама. Судењето започна во мај 2020 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан