• сабота, 18 мај 2024

Израелски официјален претставник: Преговорите за прекин на огнот во Газа завршија без договор

Израелски официјален претставник: Преговорите за прекин на огнот во Газа завршија без договор

 Кaиро, 9 мај 2024 (МИА) - Последната рунда разговори за примирје во Појасот Газа заврши откако Израел им укажа на посредниците, вклучително и САД, Египет и Катар, резервиранос на Тел Авив во врска со предлогот на Хамас за заложниците, изјави израелски претставник.

Тој додаде дека израелската делегација се вратила од Каиро, а Израел ќе ги продолжи воените операции во Рафа и другите делови на палестинската енклава според планираното.

Преговорите продолжија во вторникот во Каиро, кога делегациите на Хамас и Израел се вратија во главниот град на Египет, откако претходната рунда преговори пропадна. зш/

Остани поврзан