• понеделник, 20 мај 2024

Израелската тениска асоцијација упати протест до ВТА откако Жабер ја поддржа Палестина

Израелската тениска асоцијација упати протест до ВТА откако Жабер ја поддржа Палестина

Тел Авив, 17 октомври 2023 (МИА) - Тениската асоцијација на Израел испрати приговор до Женската тениска асоцијација (ВТА) ​​против Тунижанката Онс Жабер по изјавата за поддршка на Палестина.

Жабер која е на 7.место на ВТА ранг-листата, преку социјалните мрежи порача дека не поддржува насилство и е против оние кои одзедоа територија од Палестинците.

Израелската тениска асоцијација верува дека Жабер со своите зборови „поттикнува агресија“.

Ноќта на 7 октомври, Израел беше нападнат со ракети од Појасот Газа. Палестинското исламистичко движење Хамас најави почеток на непријателствата. Како одговор, израелските власти започнаа воена операција и го мобилизираа воениот резервен состав. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан