• сабота, 21 декември 2024

Фидан: Израелската копнена офанзива во Либан е нелегален обид за окупација

Фидан: Израелската копнена офанзива во Либан е нелегален обид за окупација

Анкара, 1 октомври 2024 (МИА) - Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска изјави дека копнената офанзива на Израел во Либан е нелегален обид за окупација што го нарушува територијалниот интегритет на земјата.

Тој додаде дека израелската операција мора веднаш да се прекине, со повлекување на нејзината војска од Либан.

Израелски падобранци, командоси и вооружени единици започнаа рации во упад во јужен Либан, откако денеска се интензивираше судирот со Хезболах.

Министерот за надворешни работи на Турција во изјавата рече дека израелската офанзива ја загрозува и безбедноста и стабилноста на земјите во регионот и дека е „многу веројатно“ да има зголемување на бројот на мигранти од тоа земја.

Фидан го повика Советот за безбедност на Обединетите нации „да го направи она што е неопходно“ во согласност со меѓународното право. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан