• сабота, 29 јуни 2024

Изменет режим на сообраќај следните три дена кај новиот кружен тек во Неготино

Изменет режим на сообраќај следните три дена кај новиот кружен тек во Неготино
Неготино, 23 септември 2021 (МИА) - Од утре до недела ќе има изменет режим на сообраќај кај новиот кружен тек во Неготино, информираат од неготинската локална самоуправа.
- Со интензивирањето на градежните активности околу изградбата на новиот кружен тек во близина на зградата на ОВР Неготино, се јавува потреба од изменет режим на сообраќај во тој дел на градот. Од утре до недела ќе се врши асфалтирање на кружниот тек и поради безбедно одвивање и на работите и на сообраќајот, се известуваат граѓаните дека овие три денови ќе има изменет режим на сообраќај. Тешките товарни возила, кои ќе сообраќаат на патниот правец кон Кавадарци и обратно, ќе бидат пренасочувани преку патниот правец Росоман - Кавадарци, појаснуваат оттаму.
Општина Неготино ги замолува граѓаните за разбирање и почитување на режимот и поставените сообраќајни знаци.
- Со завршувањето на изградбата на новиот кружен тек ќе се реши деценискиот проблем со сообраќајниот хаос на најфреквентната раскрсница во градот и ќе се создадат услови за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, нагласуваат од локалната самоуправа. свд/фф/

Остани поврзан