• понеделник, 23 декември 2024

Изложба на расни кучиња во Куманово

Изложба на расни кучиња во Куманово

Куманово, 17 септември 2024 (МИА) - Претставниците на кинолошкото друштво „Кинолог“ од Куманово денеска ги повикаа заинтересираните да се пријавата на десетта по ред меѓународна изложба на кучиња. Претседателот на друштвото, Марко Митровски ги повика излагачите да се пријават електронски и да учествуваат со своите миленици на изложбата.

-Официјалниот дел за сите излагачи започнува во 8 часот на 21 септември (сабота) кога се отвора канцеларијата каде што ќе треба да се подигнат редните броеви и листите за оценка. Изложбата треба да започне во 10, а се планира да трае до 15 часот кога ќе бидат прогласени најубавите кучиња на изложбата, изјави на денешната прес-конференција, Митровски.

Изложбата ќе се одржи на терените на градскиот кеј. Досега се пријавиле излагачи од земјава, повеќе европски држави . Оценувачи ќе бидат меѓународни реномирани судии од Македонија, Србија и од Унгарија.

Во истовреме, на терените ќе се одржи и државна специјализирана изложба за расата кавкаски овчар, во организација на македонскиот клуб за кавкаски овчари, а утредента (недела) ќе има државна изложба во Свети Николе. Линк за пријава на изложбите може да се најде на официјалните фан страни на кинолошко друштво „Кинолог“ Куманово, кинолошко друштво „Балканец“ Свети Николе и Македонски клуб за кавкаски овчари. Пријавувањето трае до четврток до 24 часот. ам/дма/


Фото: МИА и „Кинолог“

Остани поврзан