Изложба на Владимир Георгиевски во Пехчево
- Во Пехчево е отворена изложбата на познатиот македонски уметник, академик, сценограф и костимограф, Владимир Георгиевски.
Пехчево, 22 мај 2024 (МИА) - Во Пехчево е отворена изложбата на познатиот македонски уметник, академик, сценограф и костимограф, Владимир Георгиевски.
Организатор на изложбата е Домот на култура „Јане Сандански" од Пехчево, чиј директор Валентина Веселинска информираше дека во рамки на настанот изложени се околу 20-тина дела од авторот.
-Денес имавме Ретроспективна изложба на Владимир Георгиевски, прекрасна изложба со многу позитивна енергија, која владееше денес во домот на културата. Благодарност за соработката со Музеј на град Скопје, до Јасминка Намичева, Фросина Георгиевска, истакна Веселинска.
Пред почетокот на изложбата се одржа и работилница со учениците од Средното училиште „Ацо Русковски" со нивниот ментор Слободан Пандов.
-Учениците цртаа цртежи, инспирирани од самите ликовни дела. Браво за сите ученици, за нивниот талент, додаде Веселинска.
Изложбата беше посетена од страна на граѓани на Општина Пехчево, соработници, и ученици од Основното училиште со нивната менторка, а истата ќе биде достапна на љубителите на уметноста и во наредните денови.вс/бт/
Фото: МИА