• недела, 22 декември 2024

Изложба на Васил Стерјовски „Македонците во САД-вековен идентитет во континуитет“

Изложба на Васил Стерјовски „Македонците во САД-вековен идентитет во континуитет“
Дебар, 3 септември 2022 (МИА) - Еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија и заштитата на македонскиот идентитет Васил Стерјовски, во Штип ќе ја претстави својата изложба насловена „Македонците во САД-вековен идентитет во континуитет“. За МИА тој рече дека изложбата содржи многу документи од архивите на САД за македонската посебност од крајот на XIX и почетокот на XX век. - Изложбата е во рамките на настанот по повод одбележувањето на 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија и 73 години од крајот на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, додава Стерјовски. Според него, овој значаен настан е организиран од здружението на Македонците од егејскиот дел на земјава „Мирка Гинова“ од Штип, во соорганизација со локалната самоуправа на општина Штип и ДПС Лисец од Штип. - Настанот и изложбата ќе се одржат на 8-ми септември 2022 година (четврток) со почеток во 10:30 часот, во дворот на македонската православна црква „Св. Константин и Елена“ во населбата „Балканска“ во Штип, Македонија, рече тој. Стерјовски е лидер на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, претседател на македонското друштво „Сонце“ и поранешен пратеник во албанскиот парламент, прв пратеник Македонец, кој јавно ја декларира својата етничка припадност. вт/мс/        

Остани поврзан