• сабота, 04 мај 2024

Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто

Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто

Тетово, 24 април 2024 (МИА) - До 9 часот во Општина Тетово гласале 2301 лице или 3,2 отсто од вкупниот број на 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.

-Според податоци од 117 избирачки места гласале 2301 гласач или кажано во проценти 3,2 отсто. Процесот се одвива како што треба, нема пријавено проблеми. Се јавуваат технички проблеми со уредите, но интервенираме веднаш со луѓето од ИТ, информираше Назми Даути од ОИК Тетово.

Излезноста на гласачите до 9 часот во Општина Теарце е 2,35 отсто, во Општина Боговиње 1,54 проценти, во Општина Брвеница 3,10 проценти, во Општина Желино 1,65 отсто и во Општина Јегуновце 3,35 проценти од вкупниот број гласачи. ас/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан