• сабота, 16 ноември 2024

Извршен кибер напад врз унгарската Агенција за одбранбени набавки

Извршен кибер напад врз унгарската Агенција за одбранбени набавки

Будимпешта, 15 ноември 2024 (МИА)  - Меѓународната хакерска група „Inc.Ransomware“ изврши кибер напад врз Унгарската агенција за одбранбени набавки (ДПА) и побара откуп од пет милиони долари за да спречи протекување информацијавија унгарските медиуми.

Хакерската група веќе објави некои датотеки на интернет, што може да вклучуваат податоци за воени набавки, финансиска евиденција и други внатрешни документи.

На интернет кружат слики од екранот со важни информации за земјата, вклучително и податоци за воздушните и копнените сили на Унгарија, колку ласерска опрема се набавува, кога и во колкава количина се набавени различни западни системи за оружје.

Меѓу објавените материјали е и документ од унгарската команда за одбранбена логистичка поддршка, што укажува на замрзнување на набавките за следната година, наведуваат локалните медиуми.

Неколку документи се означени како „доверливи“. зш/

Остани поврзан