• петок, 03 мај 2024

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Скопје, 26 јануари 2024 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.

„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени. „Кавалерија рустикана“ е трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата.

Операта ќе се изведе под диригентската палка на украинската диригентка Оксана Мадараш, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Сандра Митровска во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Катерина Стојановска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и балет.фф/аа/

Фото: Национална опера и балет

Остани поврзан