• понеделник, 23 декември 2024

Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона со „Лидија од Македонија“ на 16 септември

Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона со „Лидија од Македонија“ на 16 септември

Скопје, 4 септември 2023 (МИА) - Со обновата на македонската опера „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски, на 16 септември почнува новата сезона во Националната опера и балет (НОБ).

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов од Бугарија, обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.

Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова од Франција во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема.бт/са/

ФОТО/ НОБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан